| четврток, 6 декември 2018 |

Овој козметички препарат го користат сите жени, а не знаат колку е отровен!

Научници од Универзитетот „Дјук“ од Северна Каролинаво соработка со американската Група за животна средина (ESG) го испитале влијанието на лакот за нокти на човечкиот организам. особено се концентрирале на соединението трифенил фосфат (TPHP) кое некои производители го додаваат во лаковите за нокти, за да бидат подолготрајни и поотпорни на оштетување. Ова соединение, инаку се додава при изработка на пластика и може да биде многу отровно.

LAKprofimedia-0081605821_1000x0

Трифенил фосфат не бил отсекогаш во составот на лакот за нокти. Всушност, тој е додаден како замена за фталатите, кои претходно се наоѓале во шишенцињата, а кои научниците ги поврзале со проблемите во плодноста кај жените. Сепак, сега се покажува дека трифенил фосфат и не е најдобрата замена, пишува магазинот „Seventeen Magazine”.

Во истражувањето учествувале 26 жени, кај кои во организмот се покажало 700 проценти повеќе TPHP во рок од 10 часа после лакирањето на ноктите. Тоа е јасен показател дека оваа штетна хемикалија лесно влегува во организмот преку ноктите, а многубројни истражувања се обидуваат точно да откријат на кој начин ова соединение влијае врз нашето тело.

Засега единствено е јасно дека никако не е добро, бидејќи студија врз животни покажала дека зголеменото ниво на трифенил фосфат доведува до проблеми во репродукцијата и во развојот.

Борците за животна средина апелираат во компаниите да ја исфрлат оваа состојка од лаковите за нокти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top