Околу 100 маскирани лица, за кои се смета дека доаѓаат од криминално и неонацистичко опкружување, нападнале мигранти вчеравечер во центарот на Стокхолмм соопшти шведската полиција. Маскираните мажи се собрале приквечер на плоштадот, во близина на кој често се шетаат мигранти.
Очевидци раскажале пред весникот „Афтонбладет” дека напаѓачите се нафрлале врз луѓето кои им личеле на странци. На минувачите им делеле летоци со повик “северноафриканките деца на улица да ги добијат казните кои ги заслужуваат”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.