
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, испрати демант за натписите во медиумите за работата на Обвинителството со кое таа раководи. Воедно таа се закани со тужби до оние кои, според неа, објавиле невистини за нејзиното работење. Во демантот испратен преку служвбите на СЈО стои:
-Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите изразува загриженост за начинот на известување на одредени медиуми поврзан со работата на ова Јавно обвинителство, како и работата на Специјалната јавна обвинителка и јавните обвинители. Ги демантираме во целост наводите објавени од страна на Курир и други медиуми дека од страна на јавни обвинители од ова Јавно обвинителство постапувано е спротивно на законските одредби во преземањето на процесните дејствија, како и дека ваквите наводни активности се по налог на Катица Јанева. Ова Јавно обвинителство, иако беше изложено на неосновани напади и во претходниот период, покажа висок степен на толеранција спрема лицата кои изнесуваа невистини, навреди, клевети и се служеа со говор на омраза насочен кон обвинителството. Со оглед дека бројните апели од наша страна не дадоа резултат, а како е потребно да се заштити интегритетот и безбедноста на јавните обвинителии нивните семејства, ја известуваме јавноста дека во периодот што следи против одредени лица ќе бидат покренати соодветни граѓански постапки за клевета и навреда, како и кривични постапки за лажно пријавување на кривично дело. Апелираме до сите медиуми и поединци да се воздржат од произнесување на невистини за работењето на ова Јавно обвинителство и да се воздржат од негово етикетирање и ставање во функција на дневно политички цели. Потенцираме дека, како професионална институција нашиот единствен фокус е борбата против криминалот, а нашата мисија е спроведување на правдата и обезбедување еднаков третман на сите пред законот.
Деновиве медиумите пренесоа дека Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев имале средба надвор од Скопје и го договориле мастерпланот за одложување на изборите.
Истиот, според објавените информации требало да се реализира пред посетата на Хан и да кулминира со провокации, упади по домови и други незаконски дејствија. Како што се скусувале роковите дадени од Заев и како што растел притисокот кој лидерот на СДСМ во континуитет го вршел, од една страна, така се зголемувала и агресивноста на тимот на Катица Јанева од друга, бидејќи биле соочени со фактите дека ниту има предмети, ниту постојат аргументи за покренување на каква било постапка.
Катица Јанева веднаш реагираше со закана до медиумите кои политиката на Јанева и лидерот на СДСМ ја оценуваат како деструктивна. Одговори со закани и притисоци до медиумите и новинарите кои не го поддржуваат начинот на кој работи. А иако целата јавност е заинтересирана дали лидерот на СДСМ ја исполни обврската од договорот од Пржино да ги предаде сите 600.000 материјали кои рече дека ги поседува, одговор за тоа нема. НЕма одговор дали е направен записник и за колкав број на материјали. Три месеци молчи и за тоа дали Заев и има предадено сѐ.
Наместо одговори на прашањата за кои јавноста бара одговор, Јанева, се заканува до медиуми и избрка обвинители од својот тим кој сама си го побара. Никогаш ја кажа вистината за мотивите за оваа скандалозна одлука.Првично тврдеше дека се работи за обвинители кои заминале од СЈО по сопствена волја. Потоа следуваше оправдание дека двете избркани обвинителки не биле тимски играчи.Избрканите Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева покренале постапка пред Советот на јавни обвинители поради постапката на Јанева. Кадриу неодамна изјави дека само Јанева знае зошто тие повеќе не се дел од тимот. Работеле редовно, посветено и одговорно, а зошто Јанева донесе ваква незаконска одлука, никој освен неа не може да знае.Кадриу ја повика Јанева да јаже зошто носи еднострани и некоректни одлуки, несогласни со кодот на однесување на јавните обвинители.
Вчера Курир објави дека Јанева и нејзините обвинители кон лицата повикани на разговор им се обраќале со зборовите „Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“. Надвор од секаква процедура пропишана со закон, крајно пристрасно и политички, овластените соработници на Катица Јанева во недостаток на докази, пишува Курир, вршеле брутални притисоци за да изнудат изјави и искази кои не кореспондираат со фактичката состојба.
По ова следуваше нова закана од Катица Јанева, овојпат до новинарите и медиумите кои сметаат дека таа својата работа ја врши пристрасно. Нејзината постапка е идентична со постапката на опозиционата СДСМ која секојдневно се служи со напади и притисоци врз медимуте кои ги смета за свои непријатели. Дали ова е дел од координацијата на Заев и Јанева за напад врз сите оние кои не се согласуваат со нив и кои сметаат дека Заев во соработка со Јанева целата земја и целиот македонски народ го држав во агонија веќе подолго време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


