| четврток, 6 декември 2018 |

Најдолгиот лет во светот од Доха до Оукленд ќе трае повеќе од 18 часа

Катарската авиокомпанија „Катар ервејс“ планира да влезе во историјата на авијацијата со воведување на новата најдолга директна авиолинија на релацијата од Доха до Оукланд, која непрекинато ќе трае подолго од 18 часа, пренесува британски „Гардијан“.

Маршрутата од едниот до другиот крај на светот, што ќе биде долга повеќе од 18.000 километри, се наоѓа во најновиот развоен план на катарската компанија.

Планираниот лет на „Катар ервејс“ ќе ја надмина во моментов најдолгата авиолинија на светот на австралиската авиокомпанија „Квантас“ за два часа.

„Квантас“ го држи рекордот според должина на директниот лет на релацијата од Сиднеј до Далас, за кој се потребни повеќе од 15 часа летање.

Патниците кои летаат на оваа релација уживаат во моментално најголемиот авион на светот „А380“, што „Квантас“ го испраќа на директните патувања шест пати неделно.

За летот од Доха до Оукланд катарската авиокомпанија ќе користи летала од типот „Боинг 777-200ЛР“, што имаат 217 патнички места во економската класа и 42 места во бизнис класата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top