Популарната водителка Опра Винфри со години мака мачи со вишокот килограми. Но, таа конечно реши да ослабне. На „твитер“ објави видео кое трае 30 секунди во кое говори за тоа како ослабнала иако и понатаму јаде леб и од тоа заработи повеќе од 15 милиони долари.
Опра е сопственик на 10 отсто од компанијата која помага во слабеењето и според учеството на нејзините акции во компанијата заработила 15 милиони долари за само два дена.
Опра ослабнала 13 килограми, а од кога ја објави веста акциите во компанијата скокнала од 11 на 13 долари. Акциите не престануваат да растат, а сега вредат 14 долари.
Опра со години води битка со вишокот килограми а сега иако јаде леб, губи килограми но и зарабоува многу пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.