Тим од медицинскиот факултет на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ неодамна се обиде да утврди колку килограми може да се изгуби кога луѓето ќе преминат на вегетаријанска исхрана. Резултатите покажале дека новопечените вегетаријанци во просек губат по 4,5 килограми и тоа без мерење на калории и зголемување на физичката активност.
Истражувачите на Градскиот универзитет во Њујорк ја проучувале разликата меѓу бактериите во дигестивниот тракт на месојадите, вегетаријанците и веганите. Најголеми разлики се забележувале меѓу месојадите и веганите, при што кај веганите најмногу биле присутни бактериите кои нѐ штитат од другите бактерии, пишува „Индепендент“.
Добро избалансирана вегетаријанска диета може да му ги обезбеди на организмот сите неопходни нутритиви, но тешко ќе му обезбеди доволно количина железо, витамин Д и витамин Б12. Затоа во исхраната се вклучува леќа, грав, јаткасти плодови, овошје, спанаќ, зелје, интегрални житарки, јајца и различни видови млеко.
Светската здравствена организација (СЗО) неодамна индустриски обработеното месо го прогласи за канцерогено. Експертите велат дека 50 грама дневно сувомеснати производи ги зголемува шансите за појава на рак во нашиот организам за 18 отсто.
Конзумирање на црвеното место е поврзано и со кардиоваскуларните болести. Една студија покажа дека карнитин, нутритивот кој е во храната предизвикува реакции на микробите во дигестивниот тракт кој придонесува за развој на срцевите болни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст