| четврток, 6 декември 2018 |

Ештон со порака: „Европската перспектива е жива и реална“

kaherin-ashton-press-1-Европската перспектива на Македонија е жива и е реална. Затоа земјата треба да продолжи со исполнување на Охридскиот договор, со континуиран и инклузивен политички дијалог и дијалог со медиумите кои што се од суштинско значење. Европската интеграцијата почнува од дома, порача Кетрин Ештон високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК на конференцијата за медиумите во Скопје.

– Внимателно ја следиме реализацијата на договорот од 1 март, особено во делот на формирањето на Анектната комисија и потпишувањето на Меморандум за разбирање. Ги охрабруваме политичките лидери да ги надминат поделбите и да креираат нов политички дух. На тој начин Македонија ќе биде во можност да ги исполни своите стратегиски цели, порача Ештон.

kaherin-ashton-press-2-Ештон добрососедските односи ги оцени како суштински и побара да се продолжи дијалогот и да се бараат решенија до постигнување договор.

– Процесот за решавање на спорот за името добива на сила и ги поттикнуваме двете страни да ги искористат напорите на Нимиц. Потребно е решение без одложување. Знам дека тоа може да биде тешко, меѓутоа не постои друга алтернатива, не постои друг начин да се оди напред, и да се дејствува поскоро е многу подобро отколку подоцна. Тоа е единствениот начин за напредок во однос на вашата евроинтеграција. Како што знаете евроинтеграцијата почнува дома, рече Ештон.

Кетрин Ештон денеска беше во Македонија во рамки на куста турнеја во регионот посветена на интеграциите. Во Скопје беше примена од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а разговараше и со лидерите на ДУИ и на СДСМ Али Ахмети и Бранко Црвенковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top