Дури 92 отсто од жените кои учествувале во британско истражување признале дека врескаат во креветот бидејќи сметаат дека така сексот ќе биде подобар и мажот ќе се чувствува посигурен.
Жените кои учествувале во ова истражување откриле дека сметаат дека гласното покажување на задоволство позитивно влијае на самодовербата на нивните партнери и ја подобрува неговата активност во креветот, а резултат на тоа е поголемо задоволство за двајцата.
Cosmopolitan спроведе истражување со цел да утврди колку често, односно кои се причините поради кои жените глумат оргазам. Истражувањето било спроведено над 2.300 жени, кои одговорија на неколку прашања поврзани со својот сексуален живот.
67% од нив изјавиле дека барем еднаш во животот одглумиле оргазам, а причините за глумата се различни. 28% од нив одговориле дека глумеле оргазам за да не ги повредат чувствата на партнерот, а 27% одговориле дека глумеле само за сексот да заврши што е можно побрзо. 42% од испитаничките, пак, одговориле дека глумеле оргазам поради двете погоре наведени причини.
Ова истражување воедно покажа дека задоволувањето на жените не е секогаш приоритет за мажите. Имено, 57% од жените одговориле дека доживуваат оргазам речиси секогаш кога имаат секс, а од друга страна 95% од нив се уверени дека нивниот партнер секогаш доживува оргазам.
Според истражувањето, 72% од жените изјавиле дека нивниот партнер доживеал оргазам без притоа да се погрижи и тие да доживеат оргазам.
Во појаснувањето за причините поради кои не успеваат да доживеат оргазам жените потенцирале дека најчесто се блиску до доживувањето оргазам, но за малку не можат да го доживеат врвното задоволство, а некои одговориле дека не ја добиваат потребната стимулација од партнерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.