| четврток, 6 декември 2018 |

Детската клиника доби инфузиомат

Клиниката за детски болести на одделот за онкологија и хематологија денеска доби донација од компанијата „Новартис“, апарат за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести. Се работи за инфузиомат од најновата генерација на пумпи за дозирање и пласирање на мали дози на цитостатска терапија кај деца. Вредноста на апаратот е 171.000 денари.

mkd-240489

– Вакави апарати секогаш недостасуваат особено на овој оддел каде имаме еден континуитет ако не и благ пораст на пациенти со малигни болести. Со него се олеснува апликацијата на цитсостатската терапија која мора да се дава во одредени дози на одреден период и овие апарати токму тоа го овозможуваат – изјави Аспазија Софијанова, директорката на ЈЗУ Клиника за детски болести.

– Ние во Новартис веруваме дека помагањето во заедницата во која работиме е од исклучителна важност, особено кога се работи за помош кај најмладата популација. Се надеваме дека со оваа донација на инфузиомат од најновата генерација ќе ја олесни апликацијата на цитсостатската терапија на Клиниката за детски болести – изјави Јасминка Талеска, директорка на Новартис преставништво во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top