| четврток, 6 декември 2018 |

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Огромна заинтересираност за проектите за млади, отворени сме и за нови идеи

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелкоски вели дека постои огромна заинтересираноста за проектите наменети за младите лица, кои веќе се започнати, но и петте нови кои вчера ги промовираше претседателот на партијата Никола Груевски. Нелковски истакна дека со новите проекти за млади директен бенефит ќе имаат многу категории на млади луѓе.

– Вчера нашиот претседател Никола Груевски ги најави следните проекти, најпрвин 15О игралишта за кошарка каде што ќе можат младите да спортуваат, ново матично во Скопје каде што ќе можат младите конечно да стапат во брак на достоинствен начин, нова читална на плоштадот во Скопје со што ќе се задоволат капацитетите за сите студенти бидејќи другите читални се веќе исполнети и се бара место повеќе и токму затоа е одлучено во новата програма да биде и оваа читална. Реконструкцијата на Националната универзитетска библиотека за да се зголемат капацитетите на читалната и еден од главните проекти, а тоа е „ Инвестирај во својата иднина“ преку кој што ќе помогнеме во вториот циклус на студии во своите магистарски и докторски студии за оние кои што немаат финансиски услови, Владата ќе им помогне, истакна Нелоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во само неполни два месеци промовираше 14 многу важни, големи проекти за младите луѓе, но тука нема да се застане и изборната програма во април ќе биде најголемата, најобемната и најквалитетната програма за млади некогаш во Р. Македонија.

– Интересот на младите за новите мерки за млади е огромен, мерката слободен превоз за сите редовни студенти на државните универзитети од 1 јануари до денеска ја имаат искористено над 8000 млади луѓе. Младите најмногу се интересираат за двете мерки „Куки куќа за млади“ и „Слободен превоз за сите редовни студенти“, рече Нелоски.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе градови низ Р. Македонија ќе одржува панел дискусии и трибини на кои младите луѓе подетално ќе бидат информирани за новите проекти за млади кои ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Покрај тоа што ќе се запознаат младите со условите за искористување на тие мерки тие ќе имаат можност и дополнително да дадат своја идеја која ќе може да се најде во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Првата трибина вчера се одржа во Штип, а утре ќе се одржи во Прилеп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top