| четврток, 6 декември 2018 |

„Торонто стар“: Новите градби го направија Скопје атрактивна туристичка дестинација

„Торонто Стар“ е познат и угледен канадски весник и истовремено важи за еден од најчитаните дневни магазини во Торонто. Во своето последно веб издание одвојуваат простор за Скопје.

„Земјотресот урна голем дел од Скопје во јули 1963 година и истовремено ја срамни со земја централната железничка станица оставајќи го засекогаш споменот од часовникот кој застана во тој кобен момент – 5 и 17 минути. Денес 50 години подоцна се прават големи обиди за враќање на Скопје на своите стари патеки“ – вака Торонто Стар ја започнува својата статија во говори за проектот Скопје 2014 и за главниот град на Република Македонија.

Во статијата дава осврт на Скопје 2014 и за градбите кои што се специфични за овој проект. Понатаму одвојуваат простор за позначајните градби како „Портата Македонија“ и споменикот на „Воинот на коњ“. Со посебен осврт го опишуваат Скопското Кале како значен, културен сегмент на метрополата.

На туристите кои што ќе го посетат во Скопје им препорачуваат да не заборават да ја посетат стара џамија и останатите градби во склоп на старата скопска чаршија.

На крајот додаваат дека Скопје е градот на кичот и тоа е причината поради која треба да го посетите, но културата е дефинитивно тоа за кое што треба да останете во метрополата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top