Премиерот Никола Груевски и Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, воедно и потпретседател на Европската Комисија Кетрин Ештон, во Скопје го поздравија Пролетниот извештај за Република Македонија, кој попладнево во Стразбур го презентираше еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а кој нотира напредок во реформите во сите области.
– Двајцата имаа позитивна оценка за поентите од пролетниот извештај на Европската комисија афирмирајќи дека дава основи за напредок на земјата, стои во соопштението од Владата по средбата на премиерот Груевски со Ештон.
На средбата на која се разговараше за реформите кои се спроведуваат во контекст на евроинтеграциите на Република Македонија, констатирано е дека Пристапниот дијалог на високо ниво кој Македонија го води со ЕУ е од големо значење за земјата, покажал резултати и помогнал за имплементација на реформите за достигнување на европските стандарди.
Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се спроведуваат во повеќе општествени сфери, и фокусираноста на Владата во модернизацијата на земјата, кои беа констатирани и во декемврискиот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.
Тој ја истакна посветеноста за негување на добрососедските односи и за изнаоѓање заемно прифатливо решение со Грција за наметнатиот спор околу името на Република Македонија под покровителство на Обединетите нации.
Премиерот се заблагодари за ангажманот и залагањето на Ештон во поддршката за надминување на предизвиците и прогрес на целиот регион.
– Соговорниците истакнаа дека во реализацијата на европската интеграција на Република Македонија, како и досега ќе продолжи партнерскиот однос и соработката, се наведува во соопштението од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


