| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се урива студентскиот „Невена Ѓорѓиева – Дуња“ во Скопје, се најавува изградба на нов дом

medicinar-baraki

– Студентскиот дом „Невена Ѓорѓиева – Дуња“ во Скопје ќе се урне и на негово место ќе се гради нов – најави денеска заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, кој беше во работна посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Тој истакна дека и постојните штипските студентски домови влегуваат во Програмата на Владата и на Министерството за образование за реновирање и нивна санација.

– Истовремено стои приоритетот за изградба на нов Студентски дом во Штип. Јас не можам да гарантирам дека во 2016 година ќе почне со градба, но соодветно на потребите Универзитетот и во комуникација со управата во следниот период ќе направиме проекција за потребните студентски места за градот Штип – рече Ристовски.

Тој додаде дека и годинава интензивно ќе продолжи реновирањето и санацијата на сите студентски домови во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top