| четврток, 6 декември 2018 |

Филе: „Важен ден за проширувањето на ЕУ“

стефан филеПо четирите по ред препораки до Европскиот совет, денеска Европска комисија испраќа уште една, со надеж дека во јуни ќе бидат отворени пристапните преговори со БЈР Македонија, порача комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе при презентирањето на Специјалниот извештај за Македонија.

– Како што побара Европскиот совет, Комисијата подготви извештај за имплементацијата на европските реформите поврзани со Пристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, како и со чекорите преземени за добрососедските односи и прашањето за името. Заклучокот е дека реформите се одвиваат на широко и државата се наоѓа на патеката и по политичката криза во јануари и февруари. Односите со соседите остануваат добри и се превземени чекори во билатерални односи со Бугарија и Грција, разговорите за името под ООН имаат нов момент за време на овој период на известување.

Тој истакна дека политичката криза од 24 декември и договорот од политичките партии од 1 март не го спречија прогресот во однос на ХЛАД. Останува имплементацијата на тој договор, формирањето на Комисијата за 24 декември, Меморандумот за разбирање меѓу партиите за интеграциите, како и дијалогот со новинарите.

Во однос на прашањата за кои Европскиот совет побара додатни информации, еврокомесарот потенцираше дека биле во насока на октомврискиот извештај, повторувајќи дека има прогрес во речиси сите цели и индикатори.

Во изјава за државната МИА Филе посочува дека препораката од лани останува, дека Комисијата цврсто стои зад неа, а овој извештај е нејзин додаток и се однесува само на трите прашања од заклучоците на декемврискиот самит на Европскиот совет.

Филе е свесен дека проширувањето на ЕУ е во надлежност на земјите членки и дека Комисијата само го изведува техничкиот дел, но сепак на крај оцени дека ова е “важен ден за проширувањето на Унијата“.

За извештајот на 22 април ќе расправа Советот на министри, а конечниот одговор на новото барање за отворање на пристапните преговори со Македонија ќе го даде Самитот на Европскиот совет во јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top