Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел најави дека Владата во Берлин ќе ги стави Алжир, Мароко и Тунис на листата на „безбедни земји“, што ќе значи дека нивните граѓани ќе немаат големи шанси да добијат азил во Германија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, со новите мерки, кои доаѓаат откако Финска и Шведска најавија план за депортација на десетици илјади луѓе, дел од бегалците во Германија ќе немаат можност во следните две години во земјата да ги донесат и своите семејства.
Финската Влада најави депортација на околу 20.000 од вкупно 32.000 баратели на азил кои лани пристигнале во замјата. Голем дел од нив се од земји во кои нема конфликт, по што се очекува тие да заминат во некој друга европска земја, а прва на удар би била Германија. Шведска во наредниве неколку години планира да депортира 80.000 луѓе, кои не ги исполнуваат условите за добивање азил.
Според новите правила во Германија, мигрантите кои ќе добијат т.н. „субсидијарна заштита“, што е едно ниво понизок статус од оној на бегалците, нема да можат да ги донесат своите семејства во следните две години. Овој статус се дава на некои одбиени баратели на азил, кои што се соочуваат со прогонство во своите земји.
Ставањето на Алжир, Марово и Тунис на листата на безбедни земји може да се поврзе и со новогодишните сексуални напади врз стотици жени во Германија, при што голем дел од напаѓачите беа од овие земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено



