| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл“ не сака да знаете за овие места

Со „Гугл ерт“ човек може да се прошета каде што сака по планетата Земја. Но, има некои делови од планетата што „Гугл“ не сака да бидат видени.

Тие места, за кои застапниците на теории на заговор тврдат дека вклучуваат тајни, скриени градови и области на кои се вршат експерименти на вонземјани, често се пикселизирани, а некои дури се целосно избришани од картата на „гугл ерт“.

Такви места на земјата се:

01-google-maps-8-3416493-image-a-47_1453762616370

ХАРП (границата меѓу Вашингтон и Орегон) 

Воздухопловните сили на САД во 2014 година го затвориле контроверзниот објект во кој се спроведувале истражувања поврзани со јоносферата. Некои теоретичари на заговори мислат дека во ХАРП дури го контролирале и времето, а лидерот на Венецуела Уго Чавез изјавил дека ХАРП, или неговата програма, го предизвикале земјотресот на Хаити.

Таен град во Русија

02-google-maps-3416493-image-a-48_1453762628847

Во сибирската тундра се наоѓа област која е замаглена, а никој не знае зошто. Најблискиот град е Егвекинот. Во Русија во 1986 година имало десетици затворени градови во кои живееле повеќе од милион луѓе. Градовите имале броеви со имињата, на пример Арзамас – 16, во кој живееле инженери за нуклеарна енергија.

Затворот „Портлиш“ Ирска

03-google-maps-6493-image-a-52_1453762846898

Станува збор за затвор во кој се сместени најопасните криминалци. На картата на „Гугл“ не е замаглен, но ако се погледне одблизу, боите се совпаѓаат со околината.

Фарски Острови, Данска

04-kangtega_known_also_as_The_Snow_Saddle_is_a_major_4

Овој архипелаг формално е дел од Данска, иако има автономна власт, а се состои од 18 острови со вулканско потекло. На картата недостасува дел од островите, а меѓу нив и воената база од Втората светска војна на островот Вагар. Никој не знае зошто е пикселизиран дел од островот на кој живеат 50 илјади жители, а една од причините за која се шпекулира е риболовот.

Рафиренијата „Сацаломбата“ во Унгарија

Рафинеријата за нафта побарала од „Гугл“ да ја обои во зелено, а нејзините објекти се отстранети и од сателитските снимки, но никому не му е јасно – зошто.

Кангтега во Непал

Кангтега е највисокиот врв на Хималаите во Непал, а на мапата е затемнет.

Воздухопловната база „Волкел“ во Холандија

05-google-earth-3277

Поранешниот премиер на Холандија Руд Луберс тврдел дека таму се наоѓаат 22 американски нуклеарни бомби, меѓу нив и термонуклеарна бомба Б61 која наводно е четири пати посилна од оние кои се фрлени на Хирошима и Нагасаки. Пордачјето на „Волкел“ исто така е замаглено на „гугл ерт“ пишува „Дејли мејл“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top