| четврток, 6 декември 2018 |

Жарко Димоски, актер: Се надевам дека ќе стигнеме и до Бродвеј

Ди­мо­ски, Ар­на Ши­јак и Је­ле­на Јо­ва­но­ва ги тол­ку­ва­ат глав­ни­те уло­ги во мју­зик­лот „Чи­ка­го“, кој е по­ста­вен на сце­на­та на МНТ и за кој по­стои го­ле­мо ин­те­ре­си­ра­ње  

Мла­ди­от Жар­ко Ди­мо­ски (26) од­лич­но се снај­де во уло­га­та на Би­ли Флин, шар­мант­ни­от ад­во­кат во „Чи­ка­го“, пр­ви­от мју­зикл со ли­цен­ца по­ста­вен на сце­на­та на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар (МНТ). Ди­мо­ски, Ар­на Ши­јак и Је­ле­на Јо­ва­но­ва ги тол­ку­ва­ат глав­ни­те уло­ги во мју­зик­лот за кој по­стои го­ле­мо ин­те­ре­си­ра­ње.

Ди­мо­ски, кој е вра­бо­тен во „Те­а­тар Ко­ме­ди­ја“ го­сту­ва во МНТ, а зад се­бе има уште на­стап во мју­зикл, оној во Драм­ски те­а­тар, „Ма­ке­дон­ска кр­ва­ва свад­ба“.

  • Не го по­са­ку­вав кон­крет­но „Чи­ка­го”, но ап­со­лут­но по­са­ку­вав и по­са­ку­вам свет­ски де­ла по свет­ски терк и се на­де­вам де­ка ќе про­дол­жи­ме да отку­пу­ва­ме ли­цен­ци и да пра­ви­ме по­у­ба­ви де­ла од ори­ги­на­ли­те – ве­ли Ди­мо­ски во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“.

Ди­мо­ски игра во че­ти­ри прет­ста­ви кои се на ре­пер­то­а­рот на „Те­а­тар Ко­ме­ди­ја“, а ме­ѓу по­ве­ќе­то ан­гаж­ма­ни е и во­де­ње­то на ра­ди­о­е­ми­си­ја­та „Ко­ми­чен ме­га­херц“ со сво­јот ко­ле­га Ата­нас Ата­на­сов­ски.

Zarko Dimovski 6 (Custom)

Да­ли уба­во се за­ба­ву­ва­вте за вре­ме на под­го­то­вка­та на мју­зик­лот „Чи­ка­го“?

ДИ­МО­СКИ: За­ба­ва­та е не­ми­нов­на, ко­га го ра­бо­тиш тоа што го са­каш не мо­же да не се за­ба­ву­ваш. Са­мо­то тоа што тре­ба да на­пра­виш по­зи­тив­на енер­гет­ска сим­би­о­за со 70 лу­ѓе, е бес­це­не­то. Ко­га се ра­бо­ти мју­зикл, ка­де и да се свр­тиш, отсе­ка­де „те­че“ му­зи­ка а ка­де што има му­зи­ка има и пес­ни, а ка­де што има пес­ни, не­ма зло. Ше­га­та на­стра­на, да се ра­бо­ти мју­зикл на­ви­сти­на е бла­го­дат. Ѝ бла­го­да­рам на На­та­ша Поп­лав­ска за истрај­но­ста и за вер­ба­та во про­е­ктот и во ме­не.

Од­лич­но се снај­до­вте во уло­га­та на Би­ли Флин, ка­ко од актер­ски ас­пект, та­ка и од му­зич­ки ас­пект, по­ка­жу­вај­ќи ѝ ги на пуб­ли­ка­та Ва­ши­те му­зич­ки спо­соб­но­сти. Ви се до­па­ѓа ли тој пер­и­од од 20-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век ис­пол­нет со мно­гу уба­ви­на, гла­мур, де­ка­ден­ци­ја, сло­бо­да?

ДИ­МО­СКИ: Ка­ко што се­ко­гаш и се­ка­де ве­лам, тоа е пер­и­о­дот во кој са­кам да одам ако не­ко­гаш се из­мис­ли вре­мен­ска ма­ши­на. Тоа е ед­на ера на про­гре­сив­ност, жи­вот со мно­гу стил, ка­ко што љу­бам да ка­жам, ера на мно­гу чад и ал­ко­хол, ис­пол­не­тост на си­те се­ти­ла, ток­му ка­ко во прет­ста­ва­та „Чи­ка­го“.

chicago

По­мис­лу­ва­вте ли де­ка не­ко­гаш во Ма­ке­до­ни­ја ќе глу­ми­те во мју­зикл и тоа во мју­зи­кал со ли­цен­ца, по си­те пра­ви­ла и про­пи­си, ка­ко на Брод­веј?

ДИ­МО­СКИ: До­се­га имам глу­ме­но во еден мју­зикл, „Ма­ке­дон­ска кр­ва­ва свад­ба“ на Драм­ски­от те­а­тар и тоа бе­ше пр­во­то мое искус­тво. Се­ко­гаш ве­лам: Ни­што не е не­воз­мож­но ако до­вол­но сил­но го по­са­ку­ваш. Не го по­са­ку­вав кон­крет­но „Чи­ка­го“, но ап­со­лут­но по­са­ку­вав и по­са­ку­вам свет­ски де­ла по свет­ски терк и се на­де­вам де­ка ќе про­дол­жи­ме да отку­пу­ва­ме ли­цен­ци и да пра­ви­ме по­у­ба­ви де­ла од ори­ги­на­ли­те.

Ка­ква ид­ни­на му пред­ви­ду­ва­те на „Чи­ка­го“? Да­ли ќе го­сту­ва по фе­сти­ва­ли, ќе има ли шан­са да го ви­дат гле­да­чи над­вор од Скоп­је?

chicago 2

ДИ­МО­СКИ: Бле­ска­ва ид­ни­на, во се­кој слу­чај. Ин­те­ре­сот е мно­гу го­лем, ре­ак­ци­и­те и ко­мен­та­ри­те на пуб­ли­ка­та се мно­гу по­зи­тив­ни. Са­ми­от факт што се ба­ра би­лет по­ве­ќе го­во­ри за ид­ни­на­та од се­ка­ков ас­пект. Не знам ка­де би го­сту­ва­ле во Ма­ке­до­ни­ја, освен во Ве­ле­шки­от те­а­тар, го­во­рам иск­лу­чи­во за тех­нич­ка­та опре­ма на сце­на­та, а за над­вор од Ма­ке­до­ни­ја искре­но се на­де­вам де­ка ќе стиг­не­ме и до Брод­веј за да по­ка­же­ме кол­ку та­лен­ти­ран на­род по­стои та­му не­ка­де на за­маг­ле­ни­от Бал­кан во биб­ли­ска­та Ма­ке­до­ни­ја.

Што е она што мно­гу ве им­пре­си­о­ни­ра во мју­зик­ли­те?

ДИ­МО­СКИ: Комп­лет­но­ста на де­ло­то ка­ко те­а­тар­ски жанр – мју­зикл. Комп­лет­но­ста на акте­ри­те. Глу­ма­та, пе­е­ње­то, игра­ње­то! Овие три ра­бо­ти ба­ра­ат бес­пре­кор­на дис­цип­ли­на, одр­жу­ва­ње на пси­хо­фи­зич­ка­та со­стој­ба, по­сто­ја­ни веж­би, не­гу­ва­ње на гла­сот, поз­на­ва­ње на сопс­тве­на­та ана­то­ми­ја пар ексе­ланс. Ко­ор­ди­на­ци­ја­та со си­те око­лу те­бе, водс­тво­то под ди­ри­гент­ска­та пал­ка – дис­цип­ли­на­та на ра­бо­та во се­кој слу­чај.

Вие сте од мла­да­та ге­не­ра­ци­ја акте­ри, вра­бо­тен во жа­нров­ски­от „Те­а­тар Ко­ме­ди­ја. Ка­ко е де­нес да се би­де актер во Ма­ке­до­ни­ја?

Zarko Dimovski 1 (Custom)

ДИ­МО­СКИ: Сѐ уште не знам ка­ко е да се би­де актер во дру­га др­жа­ва, па не­ма да си зе­мам за пра­во да го­во­рам за тоа. Во Ма­ке­до­ни­ја, лич­но за ме­не ќе го­во­рам, за да не би­дам сфа­тен по­греш­но, е од­лич­но, има мно­гу ан­гаж­ма­ни. Ра­бо­там по три-че­ти­ри ра­бо­ти по­ве­ќе од 12 са­а­ти се­кој ден и нор­мал­но е да е исп­лат­ли­во. Се­ко­гаш е по­до­бро при­хо­ди­те да се по­го­ле­ми, но тоа е ра­бо­та на ли­чен па­зар.

Те­шко ли е да се нас­мее пуб­ли­ка­та?

ДИ­МО­СКИ: „За вку­со­ви­те не се ди­ску­ти­ра“. Тоа зна­чи де­ка и во пуб­ли­ка­та има раз­ни вку­со­ви. Не­ко­гаш и нај­до­бро ос­мис­ле­ни­те, нај­до­бро на­пи­ша­ни­те ше­ги не­ма ни да ја ско­кот­нат пуб­ли­ка­та за раз­ли­ка од тоа што не­ко­гаш и обич­на пцо­вка ќе ја нас­мее до сол­зи. За­тоа пра­ша­ње­то, да­ли е те­шко или лес­но да се нас­мее пуб­ли­ка­та, е ди­ску­та­бил­но. Во се­кој слу­чај, уба­во е да ја сме­еш пуб­ли­ка­та, чув­ство­то е бес­це­не­то.

Иа­ко пуб­ли­ка­та не тре­ба да се де­ли спо­ред во­зра­ста, впе­ча­то­кот е де­ка Те­тар Ко­ме­ди­ја има мла­да пуб­ли­ка ко­ја не про­пу­шта пре­ми­е­ра на но­ва прет­ста­ва. Има ли шан­си те­а­та­рот да го про­ме­ни све­тот на по­до­бро?

IMG_0501 (Custom)

ДИ­МО­СКИ: Во „Те­а­тар Ко­ме­ди­ја“ мо­же да се срет­нат си­те ге­не­ра­ции, но нај­за­ста­пе­на е пом­ла­да­та пуб­ли­ка. Да,тоа е точ­но и тоа е до­бро, за­што кол­ку по­ве­ќе еду­ци­ра­ме мла­ди лу­ѓе, тол­ку по­до­бра ид­ни­на ќе има­ме, а со тоа, не­ли, се на­де­ва­ме да го про­ме­ни­ме све­тот на по­до­бро. Ап­со­лут­но ве­ру­вам де­ка те­а­та­рот ка­ко ме­ди­ум мо­же да вли­јае на про­ме­на на све­тот, ка­ко на ло­кал­но ни­во та­ка и на гло­бал­но ни­во, кол­ку не­до­стиж­но и да зву­чи тоа!

Што ста­ну­ва со фил­мот? Оди­те на ау­ди­ции, во ка­кви фил­мо­ви би са­ка­ле да глу­ми­те?

ДИ­МО­СКИ: Пос­лед­на­та мо­ја филм­ска уло­га бе­ше во игра­но-до­ку­мен­тар­ни­от филм „Пос­лед­ни­от Ма­ке­до­нец“ и во­ед­но пр­ва­та уло­га  во дол­го­ме­тра­жен филм. Имам сни­ме­но при­лич­но кра­тки фил­мо­ви, а во еден пер­и­од бев и дел од се­ри­ја­лот „Твр­до­кор­ни“. На ау­ди­ции одам ко­га има, но за жал ги има мно­гу ре­тко. Мо­јот вкус за фил­мо­ви е до­ста де­ли­ка­тен но, дај бо­же да има по­ну­ди, пос­ле е лес­но.

IMG_2054 (Custom)

Кои се след­ни­те про­е­кти во кои сте ан­га­жи­ра­ни?

ДИ­МО­СКИ: Пред не­кој ден во „Те­а­тар Ко­ме­ди­ја“ поч­нав­ме но­ва прет­ста­ва со Си­ни­ша Евти­мов. Ра­бот­ни­от нас­лов на тек­стот е „Вар­дар­ски па­сту­ви“. Прет­ста­ва­та, здрав­је, ќе би­де мно­гу за­бав­на, а со пре­ми­е­ра тре­ба да из­ле­зе­ме не­ка­де на по­че­то­кот на март. По­ве­ќе не­ма да откри­вам. Во мо­мен­тов не­мам дру­ги те­а­тар­ски ан­гаж­ма­ни.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски и Емил Петров

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top