| четврток, 6 декември 2018 |

Сто и седум жртви на грипот во Русија

Повеќе од 100 луѓе го загубија животот во Русија оваа сезона од грип. Најголем дел од нив биле заразени со вирусот Х1 Н1 (H1N1), односно свински грип, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова.

grip

– Досега се регистрирани 107 починати лица од грип, меѓу кои три бремени жени и осум деца – изјави таа. Според неа, никој од жртвите не бил вакциниран и доцна се обратиле на лекар.

Скворцова вели дека оваа и следната недела се најкритични и дека потоа епидемијата ќе почне да опаѓа. Меѓу заболените најмногу има со свински грип – околу 90 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top