Македонската Каламити Џејн, која го носи името на најпознатата американска револверашка од Дивиот Запад, а во реалноста е алијас специјална обвинителка Катица Јанева, преку својот Facebook профил крстена како Кејт Џен (Kejty Jan) најави дека ќа отвори специјална истрага за еврокомесарот Хан.
– Ако нејќе милон, ондак силом – изјави Кејт Џен за медиумите, секако за професионалните кои известуваат за лажни афери како оние со пасошите и личните карти, а никако за оние непријателските класифицирани од нивниот црпнат муртински лидер.
Кејт гордо најави дека на местото на двајцата избркани обвинители, кои згрешиле и на спасителот и на неа и не сакале да ги извртуваат обвиненијата во корист на СДСМ, сега ќе вработи цели 10 нови синокрвни чеда обвинителски, без конкурс , кои со сите сили ќе се занимаваат со ликот и делото на Јоханес Хан. И точка.

– Нека не не’ убедува Хан дека тој го носи ставот на Брисел, изјави Џејн, тој е апаш австриски и како сите во ЕУ работи на своја рака. Унијата ја сака и обожува СДСМ и ние сме сите силни почитувачи на нивните дејанија. Вака не не враќаат на власт, а сами не можеме. Ова е тотално неприфатливо, а овој фриленсер шо работи како шо ќе му текне ќе го сместиме во Идризово каде ќе му носи кафе на Чауш и Сума. Верушевски нема да ја има таа чест, оти јас го ослободив.
Специјалната Џен, ги повика сите во државата да излезат на големиот сесоцијалдемократски протест во пресрет на доаѓањето на Хан и потенцира дека без двоумење се придружила на отпорот. Кејт гордо објаснува:
– Он на мене ќе ми крати време за фингирање обвиненија против врвот на ВМРО-ДПМНЕ?! Ја ги избркав овие двајцана што ми кочеа, а на протест со својата силна појава ќе зафатам 4 метри квадратни и ќе придонесам во масовноста на отпорот, па ко ќе нe брои CNN од ваздух и на метража да бидеме поеќе! СДСМ не може да иде у зијан од Хан. Пак точка! Упс, извичник де…
Џен најави дека притисната од времето до избори, кое никако не и одговара во штелувањето обвиненија за владејачката партија, во тек е подготовката на обвинението против Хан, кое се темели и на неговото нанесување на тешка душевна болка на цело СДСМ, особено на Заев и Шеќеринска. Башка, ќе го прогласеле и за персона нон грата во специјалното обвинителство и ќе ја тргнеле сликата на Јункер која се наоѓа над сефот во кој се 6-те кутии на Заев со непозната содржина.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


