| четврток, 6 декември 2018 |

Купиле стар кауч на распродажба: не можеле ни да замислат што се криело во него

Две девојки и едно момче кои делат стан во Њујорк  решиле да искористат можност и за малку пари да го обноват мебелот, па на улична распродажба купиле стар кауч.

stari-kauc-1453972462-78786

Го платиле само 20 долари,но не можеле ниту да насетат колкава е неговата вистинска вредност.

Имено, тие го внеле во станот, го вклопиле со останатиот мебел и тогаш почнале да го чистат. Ги тргнале душеците и ги извртеле сунѓерестите  наслони за раце. Цимерите забележале дека на едниот наслон за раце има двоен патент. Љубопитноста не им давала мир и решиле да ги отворат. Тогаш сфатиле дека во прашање е тајна преграда полна со пари.

stari-kauc-1453972450-78788

Во преградата уредно биле наредени вкупно 40 000 долари. Помеѓу банкнотите пронашле и ливче со име на една жена. Тројцата цимери решиле да ја послушаат совеста. Ја пронашле и ги вратиле парите на жената чие име го пишуваше на хартијата.

star-kauuuuc_wide

Стануваше збор за 90 – годишна вдовица која целата заштеда  ја чувала во тој стар кауч, кој по грешка на нејзините внуци завршил на улична распродажба.

Screenshot_1

Screenshot_2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top