| четврток, 6 декември 2018 |

Мирко Ивановски потпиша за турскиот тим Болуспор

Македонскиот репрезентативец Мирко Ивановски е нов член на турскиот клуб Болуспор член на втората лига. По заминувањето од Видеотон, Ивановски имаше преговори со екипите на Енерџи Котбус и Истра, но сепак се реши да ја прифати понудата на Болуспор.

Во продолжение на турското првенство ќе го носи дресот на тамошниот второлигаш Болуспор. Тој потпиша еден и пол годишен договор со моментално десеттопласираната екипа на второлигашката табела.

– Запознат сом со амбициите на клубот, а тоа е пласман во најсилната турска лига. Затоа и дојдов за да помогнам да ја оствариме целта. Јас ќе дадам се од себе Болуспор во следната сезона да се натпреварува во Супер лигата, изјави Ивановски.

Дваесет и шестгодишниот  напаѓач кој во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Видеотон, за сума од 100.000 долари пред време го раскина договорот со унгарскиот тим. Ивановски кој за репрезентацијата на Македонија досега има одиграно 27 натпревари на кои постигна пет гола, потпиша договор со второлигашот на 1,5 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top