| четврток, 6 декември 2018 |

По три децении целосна реконструкција на НУБ „Св.Климент Охридски“

Сеопфатна реконструкција и адаптација на НУБ „Св.Климент Охридски“ предвидува третиот од петте проекти, кои денеска ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во присуство на премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев и владини министри и претставници на државни институции.

Оваа институција, потенцира Груевски, има фундаментално значење за државата и освен што го собира, документира и го чува македонското културно наследство за идните генерации, има и употребна вредност во сегашноста.

Тој потенцираше дека од 1972 година, триесеттина години не се изведени темелни зафати, а предвидената реконструкција ќе опфати поправка на кровот, комплетно реновирање на читалните обнова на инвентарот… со што, како што рече, ќе се овозможат подобри услови за сите корисници на оваа установа. Реализацијата на проектот ќе почне во 2017 година, а Министерството за култура веднаш треба да започне со подготвителни активности.

– Сите пет проекти се корисни за младите и во времето кое доаѓа ќе бидат значајна поддршка за нив. Политиката не претставува изречен збор, туку делата кои се остваруваат. Вие знаете како што досега направивме, многу дела и многу проекти ќе ги реализираме и овие наши ветувања. Нашата цел во сите овие проекти кои ги промовиравме е да му помогнеме на младиот човек во сите аспекти на живеењето, решавање на најзначајните прашања – домувањето и вработувањето се до образованието и подобрувањето на условите за образование и развој, создавањето услови за спорт, па се до обезбедувањето поволности за културен развој. Младот човек ова го заслужува и ние работиме тоа да стане реалност, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top