Овозможување стипендии за постдипломски и докторски студии на државните универзитети под поволни услови за студенти од семејства со пониски приходи – еден од петте проекти кои денеска ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во присуство на премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев и владини министри и претставници на државни институции.
Во рамки на вториот проект промовиран денеска насловен „Инвестирај во својата иднината“ ќе бидат обезбедени стипендии за постдипломски и докторски студии за студенти од семјества со пониски приходи кои во претходното образование постигнале просек од 8,5.
– Наша цел која сакаме да ја оствариме со овој проект, потенцира Груевски е, да им овозможиме на оние кои сакаат да се надоградуваат, а немаат финансиски можности. Заинтересираните ќе можат да добијат максимум 100 бодови, до 20 за постигнатиот успех, до 60 за материјални можности, 10 бодови ќе добиваат студенти кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска гража, деца на самохрани родители, со посебни потреби, деца од приматели на социјална помош…, а дополнителни 10 бодови ќе добијат студенти кои се на студиска програма на технички и медицински студии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст