| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се градовите во светот каде што животот не вреди ни пет пари?

По бројот на насилни градови Латинска Америка убедиво води на годинашната ранг-листа на мексиканската организација „Собрание на граѓани за јавна безбедност“. Од 50 градови кои се на списокот, дури 41 се во Латинска Америка, од кои 21 се во Бразил.

Најголем удел во засиленото насилство во тој регион имаат трговијата со дрога и војната меѓу бандите, но и политичката нестабилност и несредената економија која предизвикува широко распостранета сиромаштија.

– Сите тие пари 100 милијарди долари годишно, билион долари за десет години, три билиони за 30 години – обезбедува огромни количини ресурси на тие организации кои може да купат повеќе оружје, да платат повеќе убијци, да подмитат повеќе полицајци и политичари. Тоа е причината поради која во овој период регионот на Латинска Америка и Карибите се на „црната листа“ – изјави Хуан Грило, автор на книгата „Гангстерски водачи: нарко-дилери, поле на смрт и нова политика на Латинска Америка“ за „Бизнис инсајдер“.

На списокот на најнасилни градови се опфатени градови со повеќе од 300 илјади жители и не ги зема предвид убиствата во борбените зони или градовите за кои не се достапни податоци, така што некои опасни градови можеби недостасуваат.

1. Каракас, Венецуела

2. Сан Педро Сула, Хондурас

3. Сан Салвадор, Салвадор

4. Акапулко, Мексиско

5. Матурин, Венецуела

6. Дистратио Сентрал, Хондурас

7. Валенсија, Венецуела

8. Палмира, Колумбија

9. Кејптаун, Јужна Африка

10. Кали, Колумбија

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top