| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Да не се дозволи ширење на вирусот „зика“

Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ наложи на министерката за здравство Вероника Скворцова да не дозволи ширење на вирусот „зика“ на територијата на Русија.

– Таму уште некаква гадост од Латинска Америка се префрла, исто некаков вирус. Комарците го разнесуваат, тие, се разбира, нема да го прелетаат океанот, но инфицираните луѓе можат да го прелетаат и го прелетуваат – рече шефот на руската држава на состанокот со членовите на владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top