Францускиот парламент усвои закон што предвидува право на длабока и континуирана седација за неизлечиво болни, кои ќе го побараат тоа. Со тоа ќе им се овозможи да бидат успиени сѐ до моментот на смртта, пренесуваат денеска француските медиуми.
Меѓутоа, овие мерки не предвидуваат легализација на евтанацијата или асистираното самоубиство. Законот е усвоен по повеќегодишна дебата и постигнување компромиси меѓу социјалистите и конзервативците.
На лекарите ќе им биде дозволено да ги запрат третманите за вештачко одржување на животот. Употребите на седативите и на лековите против болки ќе биде дозволена дури и кога тоа може да доведе до скратување на животот на болниот.
Третманот на длабока седација ќе успие болни пациенти сѐ до моментот на смрт, а лекарите тврдат дека новиот метод е похуман од евтаназијата.
Законот за седација може да се применува и на пациенти што не можат да ја изразат својата волја, но под строго утврдена процедура и на барање на членовите на нивните семејства.
Евтаназијата е официјално легализирана во Европа само во три земји и тоа Холандија, Белгија и Луксембруг. Некои земји дозволуваат некој облик на евтаназија, каде што во Швацарија во сила е асистираното самоубиство.
Во Белгија и во Холандија за евтанзија се применуваат различни механички методи или хемиски супстанции за побрзо предизвикување смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст