Холандија, која во моментов е актуелен претседавач на Европската унија, претстави европски план за враќање на бегалците од грчките острови во Турција, изјави лидерот на холандската владејачка Социјалдемократска партија, Дидерик Самсон за весникот „Фолкскрант“.
-Планот е изготвен од седум членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Германија, посочи Самсон. Според планот, членките на Европската унија треба да се ангажираат да прифатат до 250 илјади бегалци годишно, а Турција во тие услови би се согласила да ги прими назад преостанатите бегалци. Турција се уште треба да усвои нови закони и да ја подобри ситуацијата со Сиријците, кои бараат азил. Таа треба да стане сигурна земја- посочи тој.
Првите фериботи можат да тргнат од март или април, додаде Самсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.