| четврток, 6 декември 2018 |

Кои намирници нутриционистите никогаш не ги јадат?

Ако некој знае како правилно да се храни, тогаш тоа сигурно се нутриционистите. Кои намирници нутриционистите никогаш не ги јадат?

Колачиња од ориз

Иако пишува дека се диетални, не се лажете! Тоа е вид на јаглехидрати кои го подигнуваат нивото на шеќерот во крвта со брзина на светлината, што е лошо за здравјето и за слабеењето.

Немасни преливи за салата

„Фет-фри“ преливи за салата се совршен пример како здравите намирници брзо стануваат нездрави. Разните „фет-фри“ дресинзи за салати на кои пишува дека се немасни се преполни со шеќер и високи фруктозни пченкарни сирупи, емулгатори и други додатоци кои помагаат дресингот да изгледа природно. Единствен прелив кој треба да го користите е оној кој дома сами ќе го направите.

Сејтан

Сејтанот потекнува од Азија и е вообичаена замена за месо кај вегетаријанците. За разлика до многу месни замени, сејтанот може да предизвика развој на глутенска алергија или нетолеранција.

Рафинирани житарки

Денес во дуќаните житарките кои се продаваат се рафинирани и обработени, како многу видови ориз, тестенини и житарки за појадок каде што природните влакна практично ги нема, отстранети се сите витамини и минерали, па после се вратени во вештачки облик, така што пишува „цели житарки“ иако тоа не е така.

Засладени пијалоци

Ако решите да престанете да конзумирате само една намирница од овој список, тогаш тоа нека бидат засладените пијалоци. Празните калории ќе ви помогнат да се здебелите, а не да ослабнете. Наместо засладен газиран пијалок пијте вода.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top