Остануваат уште 100 дена до најпопуларната и најмасовната спортска манифестација во Македонија, „Виз-ер“ Скопскиот маратон. Маратонот ќе се одржи на 8 мај, а според најавите, годинешното издание на маратонот ќе биде најмасовното досега.
„Виз-ер“ скопски маратон го отвори пријавувањето минатиот месец, а на 31-ви јануари истекува рокот за пријавување по поволни цени. Потоа пријавувањето продолжува до 29-ти април, или додека не се пополнат предвидените места. Организаторот на маратонот, Сојуз на спортови на Скопје, објави дека досега имаат преку 700-на пријави од 20 земји.
На следниот линк можете да ја дознаете котизацијата за маратонот, полумаратонот и 5 километарската трка: http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/
Како и што беше ветено, пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015-та ќе добијат бесплатно учество на трките во 2016-та година. Начинот како може да се искористи тоа право ќе можат да го најдат на официјалната веб страница на маратонот – http://skopskimaraton.com.mk/
Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат четири трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.
Подигнувањето на стартните пакети ќе биде на 6-ти и 7-и мај на Скопски Саем за време на одржувањето на Маратон ЕКСПО во „Метрополис Арена“. Сите заинтересирани компании за време на саемот можат да закупат штанд и со тоа да бидат дел од масовниот саем.Изложувачи на саемот ќе бидат компании од областа на спортот, спортската опрема, здравата храна, фитнесот и здравството.
Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.
Насловниот спонзор „Виз-ер“ на сите учесници ќе им додели вредносен ваучер од 20 евра кој ќе можат да го искористат за купување на билет за сите летови на кои оперира оваа авионска компанија од и до Скопје.
Пријавувањето за „Виз-ер“ Скопски маратон можете да го направите на официјалната веб страница: http://skopskimaraton.com.mk/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.