| четврток, 6 декември 2018 |

Во МАНУ вечерва се отвора изложбата „Остеновите уметници на годината“

Во изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечерва, 28 јануари, ќе биде отворена изложбата на дела создадени од Остеновите уметници на годината во периодот од 2012 до 2015 година…

Секоја година, „ОСТЕН уметност на хартија“ прогласува 12 македонски уметници за Остенови уметници. Се покануваат уметниците од различни возрасни категории, разчлични стилови на уметничко делување, од различни делови на Македонија – но она што е обединувачко за уметниците на ОСТЕН е цртежот со ист формат: 110 х 190 см, кој според правилникот на манифестацијата треба да го направи секој од нив.

Меѓу 12-те уметници од тековната година, се доделуваат награда за животно дело, за остенов уметник на годината и млад уметник на годината – до 40 години.

– Основната идеја е да воспоставиме манифестација преку која на македонските уметници ќе им оддадеме почит за успешно завршената професионална година. Со тоа сакаме да покажеме дека ги следиме случувањата на македонската сцена на визуелните уметности во целост, како и активностите на уметниците поединечно, истакнуваат од ОСТЕН Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top