Истражувањето спроведено од страна на популарниот „Хит магазин“ (Heat Magazine) откри навистина неочекувани резултати. Имено, мажите претпочитаат природна убавина!
Вештачкиот тен, вештачките трепки, ботоксот, градните импланти, тетоважите и пирсовите се на листата на најнепривлечните нешта што може една жена да ги поседува.
Од 2000 испитаници, 80% изјавиле дека мразат вештачки трепки, 84% дека им се одбивни женските тетоважи, 90% се против пирсовите, 73% се против силиконски гради, а цели 96% против користењето ботокс.
Повеќето мажи (66%) изјавиле дека им е поважно нивната партнерка да има убаво лице отколку убаво тело. Дури 68% од анкетираните мажи признале дека сакаат тело со облини.
-Повеќето момци порадо би излегувале со девојка со убаво лице како Адел, отколку со партнерка што е опседната со вежбање како Камерон Дијаз – изјавила уредничката Луси Кејв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.