| четврток, 6 декември 2018 |

Популарната пејачка успеа да ја дотера линијата до совршенство (фото)

Американската поп-пејачка Бритни Спирс во почетокот на својата кариера важеше за една од најубавите пејачки, која беше обожавана од армија обожаватели. Меѓутоа, по нервниот слом што го доживеа откако се разведе од својот сопруг, Бритни беше во тешка депресија од која, за среќа, успеа да се извлече и да се врати на музичката сцена. Меѓутоа, лошиот период остави видливи траги на нејзиното лице и тело, па медиумите често ја „распнуваа“ објавувајќи фотографии на кои пејачката не изгледа онака како што изгледаше во зенитот на својата кариера.

бритни

Папараците ја демнеа на секој чекор, таблоидите ги полнеа своите страници со нејзините фотографии, а Бритни сето тоа го издржа стоечки, вредно работејќи на своето здравје и тело. И резултатите се јасно видливи! На 34-годишна возраст и по двете бремености, пејачката изгледа исто како и во почеток на својата кариера, кога имаше само 16 години.

бритни2

бритни3

бритни4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top