Да се спречат обидите на СДСМ за одбегнување на априлските избори, за да не се предизвикаат дополнителни политички тензии, апелира Џефри Гордон, поранешен портпарол на Пентагон и поранешен советник за национална безбедност на повеќе републикански претседателски кандидати, во неговата изјава објавена во „Хил“, информативно списание наменето за политичкиот врв во САД:
„Груевски, кој беше премиер од 2006 година, се соочи со сомнителен предизвик од најголемата левичарска партија, која се подготвува да ги бојкотира изборите во рамките на едно мрачно сценарио. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави тајно снимени и монтирани разговори на премиерот во обид да го уценува – тактика која би била незамислива во која било западна демократска земја. Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ единствена шанса за успех гледа ако целосно го одбегнат изборниот процес. Притоа, лесно може да се забележат обидите на Москва да се вмеша во кризата – Кремљ работи против европските интеграции“, пишува Гордон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст