| четврток, 6 декември 2018 |

Се преврти возило кај Демир Капија, возачот тешко повреден

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила утрово во штипското село Чардаклија низ кое поминува магистралниот пат Штип-Кочани.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила кога 37-годишен возач од Демир Капија управувајќи го возилото марка „ровер“ со неготински регистерски таблички излетал од коловозот и се превртел во канал за атмосферска вода.

– Со возило на Итната медицинска помош 37-годишниот возач е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, каде што лекарите констатирале тешка телесна повреда, односно фрактура на десната клучна коска. Повреденото лице е задржано на понатамошно лекување – рече Панајотова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top