| четврток, 6 декември 2018 |

Колку гратис возења имате, каде се купува „Скопска“ и колку чини – ЈСП одговара на најчестите прашања за новиот систем

Заради настанати недоразбирања околу функционирањето на новиот систем за електронска наплата, вклучувајќи го и тарифниот модел на ЈСП Скопје, ве информираме следното:

1. Билетите за едно возење, заради унифицираноста на цените од двете зони, повеќе не се продава во билетарниците, бидејќи истите можат да се купат во самото возило.

2. Самите картички чинат 150 денари за неперсонализираната и 200 денари за персонализираната без впишување на билет на истите. Овие картички имаат важност од минимум 4 години, сѐ до нивно евентуално оштетување.

3. ЈСП Скопје овозможи две гратис возења за секоја купена неперсонализирана картичка. Со следното надополнување, граѓанинот не ја плаќа повторно картичка, туку само ја надополнува со парични средства.

4. Со валидирање на картичката, самиот валидатор покажува уште колку средства се останати односно уште колку возења може да се остварат (во зависност од типот на билет).

5. Износот кој може да се надополни на билетите се движи од 100 до 6.000 денари.

6. Месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети, се впишуваат исклучиво на персонализираните картички.

7. Надополнување со средства и купување на билет со десет возења, може да се направи на двата типа картички.

8. Картичките задолжително треба да се валидираат на валидаторите, без разлика дали станува збор за бесплатен студентски, ученички или билет за возрасната категорија на граѓани.

9. Услугите на бесплатните билети за возрасната група на граѓани (над 62 г. за жени и 64 г. за мажи) можат да ја користат жителите на Скопје, со вадење на персонализирана картичка.

10. Услугите на бесплатни билети за студенти можат да ги користат исклучиво редовните студенти од државните универзитети, кои имаат студии исклучиво во Скопје. За добивање на овој билет, студентите се должни да достават потврда од редовен студент од матичниот факултет, да понесат индекс и лична карта и да ги поднесат во најблискиот инфоцентар. Доколку некој имал извадено персонализирана картичка пред 01.01.2016, за даго добие новиот билет ќе мора повторно да ја донесе бараната документација, за билетот да му биде впишан на веќе постојната картичка. 11. Распоредот на линиите се објавува на нашата веб-страница www.jsp.com.mk каде што може да се проверува распоредот по датуми.

12. Диспечерскиот Центар на ЈСП Скопје е одговорен за редовноста на линиите, како и за моментална реакција по однос на настанување на каков било проблем во сообраќајот и со возилата што се пуштени во сообраќај (сообраќајни незгоди, работа на пат итн.). ЈСП Скопје во најкраток рок обезбедува ново возило во сообраќај, за да се намали времето на чекање на патниците и навремено стигнување до своите дестинации.

13. ЈСП Скопје преку својата веб-страница навремено информира за какви било пречки во сообраќајот за засегнатите линии.

За кои било останати прашања, кои не се пишани во нашето известување, замолуваме истите да ни ги доставите на електронската адреса info@jsp.com.mk и истите во најкраток рок ќе ви бидат одговорени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top