СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М. (38), Б.Т. (32) и М.Б. (31), сите од Куманово вработени во агенција за обезбедување, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
На 26 декември пријавените вршеле обезбедување на ноќен бар во Куманово. Околу 00.10 часот В.Ј. (40), З.С. (44), А.А. (39) и З.С. (41), сите од Куманово, се обиделе да влезат во ноќниот бар, но не биле пуштени од страна на пријавените. По ова настанала вербална расправија, а потоа биле и физички нападнати од страна на пријавените кои им нанеле телесни повреди на З.С. и В.Ј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст