Додека младата кралица се подготвувала за своето крунисување во далечната 1953 година, нејзиниот принц жестоко се спротивставил на традицијата која налага тој да клекне пред неа за време на церемонијата.
– Нема да клекнам пред својата жена – ѝ рекол.
– Силниот маж би требало да е способен да клекне – му одговорила.
Овој момент ја рефлектира сликата која во јавноста е застапена за идиличниот брак на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Меѓутоа, вака изгледал почетокот на нивниот заеднички живот, според новата контроверзна драма во која се прикажуваат првите турбулентни заеднички години на кралката брачна двојка, пренесува британски „Дејли мејл“.
Мини-серијата „Круната“ (The Crown), го прикажува принцот Филип како исклучително несреќен маж, кој морал да се одрече од своите должности во морнарицата, за да остане во сенка на својата сопруга.
– Ми ги одзеде кариерата, домот, моето име. Каков е овој брак? Какво е ова семејство – бесно вика ликот што го игра принцот во најавното видео за серијата.
Но, многу историчари веќе ги негираат тврдењата изнесени во серијата. Тие сметаат дека Филип, кој потекнува од грчкото кралско семејство, уште пред свадбата со Елизабета во 1947 година веќе знаел што сѐ носи со себе овој брак.
– Од друга страна, пак, се знае кој ги носи панталоните во оваа заедница зад затворени врати. Се сомневам дека макар еднаш во овие 70 години колку што се заедно тој морал да се поклони пред својата сопруга – вели Кристофер Вилсон, експерт за британскиот устав.
– Би ме изненадило ако силен маж кој цврсто стои на нозе и сака своја кариера не е барем малку изиритиран од тоа што цел живот мора да оди два чекора зади некој. Така што, не би ја нарекол оваа сцена целосна фикција, ама ни нешто што би можело да предизвика голема криза – смета Фукур Зиглер, кој и сам пишува кралски биографии.
Представниците на Бакингамската палата одбиле да ги коментираат овие наводи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


