| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба за Ана Франк во сеќавање на жртвите од холокаустот

По повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи комеморативна церемонија.

ана-630x289

Целта е да се оддаде почит на сите жртви на холокаустот, вклучително и на 7.144 Евреи од Македонија кои во 1943 година биле депортирани и екстерминирани во логорот „Треблинка“.

Во холот на МНР ќе биде отворена изложбата „Ана Франк – историја на денешнината“, која се реализира во соработка со музејот„Куќата на Ана Франк“ од Амстердам и Младинскиот образовен форум од Скопје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top