Британскиот музичар, 53-годишниот Колин Вернкомб, попознат како Блек (Black), најпознат по големиот хит од осумдесетите, Wonderful Life“, починал како последица на сообраќајна несреќа во Ирска, објавено е на неговата страница на Фејсбук.
Вернкомб, роден во Ливерпул, беше хоспитализиран по сообраќајна несреќа којашто ја доживеа на 10-ти јануари во близина на аеродромот во ирскиот град Корк. Тогаш претрпе тешки повреди на мозокот и од несреќата беше во кома.
Меланхоличната нумера „Wonderful Life“ од 1986 година беше голем хит ширум светот, а особено во Европа. Истоимениот албум е продаден во неколку милиони примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст