| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиена меѓународна организација за проституција, уапсени 17 Албанци

karabineriАлбанската полиција во соработка со италијанската, словачката и белгиската полиција ја финализира меѓународната операција „Темпеста 2015“.

Во акцијата се уапсени 17 албански државјани, при што петмина од нив се уапсени во Албанија, 11 во Италија и еден во Словачка.

Од заедничката истрага реализирана во четирите држави, било откриено дека криминалната група составена од албански државјани, во периодот септември 2014-јуни 2015 биле вклучени во криминалани активности, како подведување при проституција и дистрибуција на наркотици.

Криминалната група принудувала на проституција девојки од Источна Европа во подрачјето на италијанскиот град Милано.

Како резултат на соработка и координација на Одделот за дрога и трговија со луѓе, Дирекцијата за специјални операции при Генералниот директорат за организиран криминал и за сериозни кривични дела, со полициските управи во Фиер, Тирана, Драч и Лежа, Интерпол Тирана и на Канцеларијата за врски на италијанската полиција во Тирана, била извшена идентификација и апсење на албанските граѓани во Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top