| четврток, 6 декември 2018 |

10 грешки кои кондомот го прават бескорисен

sex-kondomКондомите се основната работа која при сексот ги штити луѓето од несакана бременост и од сексуално преносливи болести, па не е чудно тоа што токму тие се најчестата форма на контрацепција. И покрај логиката и медицинските докази, многу парови сè уште прават основни грешки кои значително ја намалуваат ефективноста на презервативите, тврди доктор Пол Турек, кој за британскиот Дејли мејл открил токму 10 такви грешки.

 

1. Ставање на презервативот наопаку

Иако е прилично тешко да се навлече кондомот наопаку бидејќи е многу потешко да се одвртува во една насока отколку во друга, сепак тоа го прават многу мажи. Ако таквиот кондом содржи спермицидно средство, тогаш и понатаму овозможува заштита, но кај оние без него – ризикот од пукање и преминување на спермата низ него, драстично расте.

2. Ставање два кондоми одеднаш

Паровите кои сакаат да бидат екстра внимателни можеби мислат дека два кондоми се подобри од еден, но тоа навистина нема смисла. Имено, тие премногу ќе го затегнат пенисот, па се губи чувството во него, што ќе доведе до задоцнета ејакулација, а при подолг секс и триење, полесно и двата кондоми ќе можат да се скинат.

3. Ставање на презервативот предоцна

Многу мажи ќе почекаат да го стават кондомот дури после предиграта, но факт е дека семената течност која се појавува на главата од пенисот за време на сексуалната возбуда, може да предизвика бременост ако дојде во контакт со вагината за време на плодните денови.

4. Ставање на презервативот премногу рано

Од друга страна, мажите не би требало да се обидуваат да го стават кондомот на пенисот додека тој не е во целосна ерекција, бидејќи нема добро да се намести, што ја зголемува веројатноста од поместување и лизгање за време на сексот.

5. Оставање на кондомот на себе предолго време

После сексот, многу парови сакаат да уживаат во моментот и да не се мрдаат. Но, пред тоа секако би требало да го извадат кондомот, бидејќи ејакулатот лесно се стврднува, што може да ја изиритира кожата, а и помал дел од спермата може да влезе во пенисот – што го зголемува ризикот од бременост во следната предигра и контакт со предејакулатот.

condoms106. Одмотување на кондомот докрај во рацете

Некои мажи целосно го одмотуваат кондомот пред да го стават на пенисот, што значително го отежнува процесот, вели доктор Турек. Тоа го зголемува ризикот од пукање, а исправен е начинот што е сличен на оној на кој жените облекуваат хулахопки.

7. Користење презерватив со поминат рок на траење

Како што не пиеме такво млеко или не јадеме такво сирење, така не би требало ни да користиме кондоми со истечен рок на употреба. Тоа значи дека е голема веројатноста латексот или гумата да се исушени, па можат лесно да испукаат.

8. Избор на погрешна големина

„Мали, средни, големи – мажите често имаат проблем со процената на својата големина, односно најчесто се преценуваат“, вели доктор Турек. Погрешната големина значително ја намалува заштитата.

9. Повторно користење

Ова е најлошата работа која некој може да ја направи, бидејќи освен тоа што е крајно нехигиенски – значително го зголемува ризикот од бременост од преостанатата сперма, како и ризикот од пукање.

10. Невнимавање на дупчињата

Дупчињата на кондомот за време на сексот не би требало да бидат честа појава. По сексот, со раката треба да проверите дали нешто тече од кондомот и во согласност со тоа дополнително да се заштитите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top