| четврток, 6 декември 2018 |

Нема опасност од Зика вирусот во Македонија

комарецНе постои опасност од ширење на Зика вирусот во Македонија, бидејќи е зима и нема комарци, велат епидемиолозите. Може да го донесе само некој што патувал во тропските регионите каде што тој е присутен. Вирусот е проследен со главоболка, осип, треска, болки во зглобовите.

-Вирусот го пренесуваат комарци, но е изолиран и во човековата сперма, сепак потребни се докази за да се потврди дали тој е сексуално пренослив. Лимитирани се и податоците дека бремена жена која е инфицирана со вирусот, може да го пренесе на плодот – вели д-р Гордана Кузмановска од Институт за јавно здравје, пренесува Дневник.

Во Бразил засега се регистрираат најглем број на новореденчиња со малформации на черепот што се поврзуваат со Зика вирусот. Епидемиолозите велат ако некој патува во регионите каде што го има вирусот треба да ги преземе сите мерки за заштита од каснување од комарец.

Опасниот зика вирус стигна и во Европа. Има заболени во Италија, Британија и Шпанија, но сите се вратиле од патување од Јужна Америка и од Карибите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top