| четврток, 6 декември 2018 |

Данска одлучи- ќе им одзема се’ над 1340 евра на бегалците за издржувањето

danska migrantiДанскиот парламент денеска ги усвои пакет-мерките кои би требало да ги демотивираат бегалците од барање азил во таа земја, а една од мерките предвидува одземање на вредните предмети или пари од бегалците за да се платат трошоците за нивно издржување.

Овој пакет-мерки е усвоен и покрај критиките на меѓународните организации за човекови права.

Мерките во данскиот Парламент ги поддржа убедливо мнозинство од пратениците.

danskaСо овие мерки им се овозможува на данските власти да одземат од барателите на азил пари над износот од 10.000 круни (1.340 евра), колку што е дозволено да внесат во змејата, како и одделни предмети од вредност кои го надминуваат тој износ.

Од тоа се изземени венчалните бурми, како и други предмети од сентиментална природа, како што се свршенички прстени, семејни портрети и медали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top