Шест престижни средни училишта во Париз, четири во Лондон, шест во Бирмингем и четири во Корнвол се евакуирани откако телефонски било дојавено дека во нив се поставени бомби, соопшти француската полиција. Училиштата добиле речиси идентични позиви од анонимни лица, се наведува во полициското соопштение.
Учениците од училиштата „Шарлмањ“, „Фенелон“, „Монтањ“, „Анри IV “ и „Луј ле Гран“, кои се наоѓаат во луксузни квартови во францускиот главен град, префрлени се на безбедна локација, додека полицијата ги пребарувала зградите.
Британските медиуми пишуваат дека зад лажните дојави стои руска хакерска група, која преку Твитер профил упатила „покана“ до учениците дали тие сакаат да минат ден без училиште, но и да биде „пренасочено вниманието на полицијата при криминалот кој ќе го правите?“
Групата по денешната акција го затворила профилот, но пред тоа упатила пораки до полицијата и училиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.