| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во Келн приведе 15 лица поврзани со албанската мафија

келн

При голема операција на германската полиција во градот Келн уапсени се 15 лица, кои се оосмничени за поврзаност со албанската мафија, јави хрватската државна телевизија ХРТ. Според телевизијата, меѓу уапсените наводно е и шефот на албанската мафија во Келн. Во полициската операција учествувале околу 400 полицајци, при што е извршен претрес на 54 станови.

Германската полиција соопшти дека станува збор за „банда со потекло од поранешна Југославија“, која се занимава со илегална трговија со хероин и кокаин и рекетирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top