| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона излезе во пресрет, се откажа од отштетата за Бабунски

david babunski

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски доцна синоќа пристигна во Белград каде треба да потпише договор со Црвена Звезда и веднаш да им се приклучи на новите соиграчи на подготовките во Копер, Словенија. Заедно со него е и менаџерот Миломир Чурчиќ преку кого оди целата операција за трансферот на младиот плејмејкер. Бабунски не го криеше задоволството од шансата што му се укажува, првпат да заигра за првиот тим на некој професионален фудбалски клуб.
Иако доаѓа во редовите на црвено-белите како слободен играч, сепак каталонскиот гигант Барселона имаше побарувања од 600 илјади евра како обештетување за „компензација и тренинг“.

– Добивам голема шанса и сакам да ја искористам. Ми беше мило кога Зезда покажа интерес. Верувам дека многу научив во Барселона, но на секој чекор е потребно докажување и унапредување – изјави Бабунски по доаѓањето во Белград.

Неговиот менаџер и Црвена Звезда особено го истакнаа коректниот однос од Барселона која се откажа од околу 600 илјади евра што и следуваат на име “компензација на тренинг” иако Бабунски доаѓа во Белград како слободен играч.

– Беа исклучително коректни. Тренинг компензацијата изнесува околу 600 илјади што е премногу за Звезда. Вака, “црвено-белите” не мораат ништо да платат иако имаше и такви кои сакаа и можеа да ги дадат тие пари – изјави менаџерот Чурчиќ.

Бабунски денеска треба да стави потпис на договорот со Звезда кој ќе биде со важност од 2,5 години по што ќе биде претставен и ќе се приклучи на подготовките на тимот во Копер, Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top