Здружение за заштита на животните Анима Мунди на нивниот профил на социјалната мрежа Фејсбук јавно и упати критика на Мелита Ракичевиќ.
Нивната објава ја пренесуваме во целост:
-Ова е време на лицемери и профитери – до вчера борец против употребата на природно крзно и кожа, денес трговец кој промовира суровост и од неа заработува!
Нема поголема штета за животните од лажниот активизам со цел на себепромоција. Мртвите и одрани животни не можат да говорат, но затоа можеме ние. Нашиот став е дека нема поголем срам од плукањето по сопствената борба и до вчера пласирани вредности и убедувања.
Прашуваме, имало ли некогаш борба, Мелита?
Од таа што „Гола ги штитеше животните “ и почна кампањата „Крвавиот пат на бундата” остана само себе погазен човек. Таканаречената „македонска Брижид Бардо“ која се соблече за животните за нас е далеку од убавата душа и борец, вечната, пркосна Бардо или занесната Памела Андерсон, веганка која на секој начин ги брани животните– таа е за нас само човек без образ и уште една која јавно се соблече.
За крај се обраќаме до македонското население и порачуваме: Крзното боли, крзното е убиство, крзното е мртво тело на душа која сакала да живее; крзно носат убави животни и грди луѓе. Одважете се, бидете поголеми од суровоста, бојкот на површноста, СОЧУВСТВОТО Е ВО МОДА, УБАВИ ЛУЃЕ!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.