| четврток, 6 декември 2018 |

Киноспектаклот „Дедпул“ во „Синаплекс“

Новиот филм на режисерот Тим Милер, „Дедпул“ пристигнува на репертоарот на домашните кина на 11 февруари, а од вчера билетите можат да се купат на касата на киното „Синаплекс“.
4ed1fb84-5ce8-4b31-ba1c-456a06a9c044
Филмот е приказна за невообичаениот антихерој Дедпул од универзумот на Марвел, а главната улога ја толкува Рајан Рејнолдс.
„Дедпул“ првпат беше претставен на големото платно во филмот „Икс-мен: Потеклото на Вулверин“. Филмот не постигна добри резултати на светските кино благајни и ликот на Дедпул остана во сенка.
Конечно, на 11 февруари пристигнува неверојатната приказна за поранешниот припадник на специјалните единици – платеникот Вејд Вилсон, кој по тешките и сложени експерименти се здобива со натприродна моќ на исцелување  и се претвора во своето алтер его Дедпул.
Набрзо овој неуништлив антихерој на работ на разумот, со нови способности и смртоносна смисла за хумор, тргнува во потрага по човекот кој за малку ќе му го уништеше животот.
Освен Рејнолдс, во филмот глумат и Морена бакарин, Ед Скрејн, Т. Џ. Милер, Џина Карано и Бријана Холдебранд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top