| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е престапна година: Народните верувања велат дека ова никако не треба да го правите

За престапна година се смета онаа која има 366 дена, еден ден повеќе од останатите години, а февруари има 29 дена.

Сето ова се случува поради ускладување на календарот со астрономската година. Годината која штотуку почна е токму таква, престапна. За секоја престапна година се врзуваат разни суеверија, па така на пример во минатото Балканците сметале дека во текот на престапна година не треба да се венчаваат. Тие велеле дека овие бракови не траат долго. Доколку пак дојде до венчавка, треба девојката да го побара момчето, а ако тој одбие мора да и подари бакнеж и свилени ракавици.

Интересно е дека за децата кои ќе се родат на 29 февруари ги нарекуваат „престапни деца“ и тие слават роденден секоја четврта година.

Во Ирска е пропишано со закон, децата кои ќе се родат на 29 февруари да се наградат со по 100 фунти.

Доколку се занимавате со овоштарство треба да обрнете внимание. Се верува дека овошјето кое ќе се засади во престапна година раѓа секоја втора година, па можеби дури и секоја четврта година.

Но, доколку навистина морате годинава да засадите овошје, плодовите ќе ги берете само ако го засадите на пролет, не на есен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top