| четврток, 6 декември 2018 |

„Туркиш ерлајнс“ откажа 116 летови од Истанбул

Во очекување на обилни снежи врнежи во реонот на Истанбул, турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа вкупно 116 летови од и кон истанбулските аеродроми „Ататурк“ и „Сабиха Ѓокчен“, што беа планирани за денеска и за утре.

turkish-airlines

Според електронското издание на весникот „Хуриет“, сите патници кои денеска и утре требало да патуваат со авионите на „Туркиш ерлајнс“ од или кон Истанбул, подетални информации за откажувањата може да добијат на веб-страницата на авиокомпанијата.

Поради лошите временски услови во Истанбул, локалните власти објавија и дека во прекин ќе биде и сообраќајот на чамците и на траектите преку Босфорот, кои го поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top